19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ескобар: Европа и САД имаат потреба од вас, вие сте стратешки партнер

„Европа и Америка имаат потреба од вас. Вие сте стратешки партнер, како и близок пријател, некој кој што имал директно корист од партнерството и исто така сакам да имате корист од тоа партнерство во носењето на тешките одлуки кои ќе донесат посветла иднина“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар на прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека Западниот Балкан е најнадежниот дел од Европа во моментов, бидејќи има најголем економски потенцијал да даде придонес во сферата на енергетиката бродоградежништвото, транспортот, информатичката технологија и мн други сектори кои ќе придонесат за растот на ЕУ и проширување на транс-атланската заедница.

„Навистина ми е мило што започна процесот на уставните измени, бидејќи сакаме да ве видиме како дел од ЕУ. Сакаме да имате блиско учество во сите структури“ рече Ескобар.

Заменик-помошникот државен секретар на САД истакна дека тие не поставуваат влади, но дека поставуваат очекувања.

„САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече Ескобар.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК