Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Возач од Куманово тешко повреден, изгубил контрола и со возилото излетал од пат

Во текот на вчерашниот ден околу 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Романовце, во с.Романовце, патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ш.(23) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот.

По несреќата, возачот К.Ш. бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +