Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина возач на пат од Скопје за Тетово во тежок судир

Во текот на вчерашниот ден околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пат од Скопје за Тетово, кај с. Буковиќ, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Р.(31) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(57) од Скопје. Од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „фиат пунто“ Л.Р., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.

Додека, возачот на возилото „голф“, Б.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ГО БАРАЛ СУДОТ, ГО ПРОНАШЛА ПОЛИЦИЈАТА – Велешанец спроведен во затворот Идризово

ДЕСК

МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ, ПОЛИЦИЈА НА ВРАТАТА – Уапсен 28-годишник во Виница

ДЕСК

ЗАКАНИ И НАВРЕДИ КОН ПОЛИЦАЈЦИ ВО КУМАНОВО – Кривична пријава против 39-годишник

ДЕСК