Centar.mk
ЛОКАЛНО

Тренчевска во Кавадарци: разговарано за капитални инвестиции

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес e на теренски активности во општина Росоман и општина Кавадарци. Изјави дека по средбата со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, заедно веќе направиле увид на доградбата на градинката „Праскички“, со што ќе се зголеми капацитетот за сместување деца во општината.

Тренчевска се осврна и на целта на средбата со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Министерката информира дека ќе биде разговарано за двете капитални инвестиции: дневен центар за лица со попреченост и дом за стари лица, кои ќе се реализираат на територијата на општината.

Министерката ја најави и агендата до крајот на денот, таа информира дека заедно со пратеничката Даниела Колева ќе остварат средба со Здружението на пензионерите во Кавадарци и иницијативниот одбор од пензионери за протестите во Кавадарци. Исто така, потсети за настанот „Остави трага“, кој ќе се одржи на плоштадот во Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Младински политики по мерка на младите

ДЕСК

Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко – архитектонско решение за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола

ДЕСК

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК