Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дрвокрадец во Скопско, следува пријава

Во текот на вчерашниот ден, во 9.30 часот, во с. Батинци, Скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Џ. Ш. (39) од с. Елово, општина Студеничани.

Тој бил затекнат од полициски службеници како со патничко возило „фиат типо“, со скопски регистарски ознаки, превезува огревно дрво без документација. Џ. Ш. се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК