11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Османи- Борел: Да не дозволиме евентуално назадување во ЕУ интеграцијата

Во рамки на работната посета на Шпанија, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.

“Со усвојувањето на уставните измени Северна Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта.” рече Османи.

Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската Комисија, Османи го поздрави новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство.

“Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре.“ истакна Османи на средбата со Борел.

Соговорниците разменија мислења и за други актуелни теми , со акцент на последните случувања во регионот, а стана збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи.

Можеби ќе ве интересира

По повод 11 Октомври партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ во Прилеп

C +

Обезбедено и санкционирано е лицето кое со службено возило на бул.„Партизански одреди“ во Скопје помина на две полни линии и користеше флешери

C +

СДСМ: За нарко скандалот со директорот на Клиниката бараме кривична одговорност и истрага за неговата работа

C +
error: Соддржината е заштитена.