Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Изгаснат пожар во станбена зграда во Тетово поради вдишување чад неколку станари завршиле во болница

Вчера, во 20.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во станбена зграда на улицата Илинденска – блок 87 во Тетово настанал пожар на катна табла од електричната инсталација. Со интервенција на тетовската територијална противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад на неколку станари им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово.

Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК