Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, утре доаѓа во посета на Скопје. Тој ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ескобар ќе биде во земјата и в петок за кога се предвидени најголем дел од средбите со неговите соговорници.

Посетата на Ескобар следува откако уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјата да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија заглавија во Собранието бидејќи власта не обезбеди двотретинско мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОТ ГОРИ, А СЕНКА НЕМА: Летото ги открива сите урбани промашувања

ДЕСК

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

ДЕСК

„Чебрен“, „Галиште“ и нови ветерни паркови ќе ја зајакнат независноста на државата, вели премиерот Мицкоски

ДЕСК