Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Наумовски: Нема земја од посткомунистичкиот свет што има штети од членството во ЕУ, сите имаат придобивки

„Не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив, сите имаат видливи придобивки од таа интеграција. Ние одамна имаме консензус за членство во ЕУ и верувам дека тој ќе опстои“ изјави поранешниот потпретседател за евроинтеграции во владата на Никола Груевски и амбасадор на САД за „Слободен печат“.

Тој додава дека конечна стабилизација на Балканот е можна само со негова интеграција во ЕУ и додава дека таа е мировен проект кој обезбедува економски напредок и политичка стабилизација.

Запрашан за тоа што ќе се случува доколку Македонија не го продолжи дијалогот со ЕУ по завршување со скринигот тој рече дека со тоа се отвора ризикот да се намали контролниот механизам на Унијата.

„Ризикот е што без преговори со ЕУ ќе недостига оној контролен механизам преку кој ЕУ ги надгледува реформските процеси и врши притисок врз власта за достигнување на европските стандарди во многу области“ рече Наумовски.

Тој додаде дека во земјава одамна има консензус за членство во ЕУ и верува дека тој ќе опстои.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК