16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Нема веќе чекање на Клинички за препишување терапија

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја претстави реформата во примарното здравство со која матичните лекари ќе може да препишуваат рецепти за хронично болните.

„Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита. Отпечатени се информативни брошури со поддршка од Светската здравствена организација, завршена е едукацијата на 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини – информира Меџити.

Со ова се засилува улогата на матичните лекари, рече министерот со новата реформа ќе се врати и достоинството на матичните лекари кои сега ќе може да дијагностицираат, На овој начин ќе се растеретат Клиниките. Изготвени се протоколи за најчестите заболувања за кои возрасните се јавуваат кај матичен лекар, како што се: хипертензија, хипотиреоза, дијабет, астма и ХОББ, за сите овие болести ако досега терапијата ја препшувал лекар специјалист, сега дијаностика и препишување терапија ќе прави матичен лекар. Со ова министерот најави децентрализација на здравството.

„Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место–ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично.Конзилијарната терапија што се препишуваше само во терцијарно здравство, односно на Клинички центар, отсега ќе се препишува кај фамилијарните доктор, појасни минситерот за здравство.