Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата санкционира 276 возачи во Скопје, 109 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за управување под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК