Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Груевски не седи во чекалната, тој побегна во земја-членка на НАТО и ЕУ, а не во Таџикистан

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија оцени дека е успешен почеток на процесот на уставните измени.

-Интересно е што ВМРО – ДПМНЕ да не определи свој пратеник од политичката партија да ги изнесе нивните ставови. Туку ставовите на нивната пратеничка група ги изнесе независенм пратеник, што исто така остава простор да се разговара нормално на сите нивоа, со ВМРО – ДПМНЕ со цел да се убедат дека сега е моментот да се донесе оваа важна одлука бидејќи сега е годината кога прво, можеме да ја одржиме втората меѓувладина конференција, таа е веќе закажана според преговарачката рамка и второ, е пред изборите во ЕУ. Идната година во ЕУ има европски избори, потоа ќе има нова ЕК, ЕС итн. Што секако дека ќе ги усложни работите, рече Ковачевски.

Тој ги повика пратениците да ги поддржат уставните измени.

-Не може на Мицкоски ако му се седи во чекалната десет, дваесет години сите да седиме во чекалната исто како што тоа го правеше неговиот претходник Никола Груевски. Ако седи во чекалната тогаш ме потсеќа на неговиот претходник, кој отиде во земја членка на ЕУ и НАТО, во Унгарија, а не во Таџикистан, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК