Македонски граѓанин кој патувал низ Србија, на Твитер сподели искуство од користењето на М-Тагот и избегнувањето на редиците на патарините.
„Еден совет за оние кои почесто патуваат низ Србија, обавезно имајте М-Таг. Пред Белград за неполна минута поминав минимум 300 возила. Пред Суботица, минимум 100 возила за исто време. Вреди за сите 1200 денари. Да живее Орворен Балкан. Македонија вечна“, пишува во објавата на еден од задоволните граѓани од услугата М-Таг.
Еден совет за они кои почесто патуваат низ Србија, обавезно имајте МТаг.
Пред Белград за неполна минута поминав минимум 300возила. Пред Суботица минимум 100 возила за истото време. Вреди за сите 1200ден.
Да живее Опен Балкан. Македонија вечна!— deni_sum_jas✖️ (@DeniLazeski) August 18, 2023
Како резултат на иницијативата Отворен Балкан од 1 јули започна да функционира користењето на таговите во Србија и Македонија. за непречено движење и олеснување на патувањето. Со еден Таг сега може да се поминува во двете земји без запирање на патарините, со што се избегнуваат редиците на патарините и се олеснува патувањето.
Граѓаните на Србија кои имаат Таг купен во нивната држава можат да го употребуваат на патарините во Македонија, исто така и М-Таг купен во Македонија може да се употребува на патарините во Србија.
Сѐ што треба да се направи за да се активира услугата еден таг за двете држави е да купите М-Таг и да се регистрирате на https://openbalkan-etc.com/mk/tag-registracija.