11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Со гласањето за уставните измени сите можеме да бидеме победници, а со гласањето против сите сме губтници

„Лично верувам дека со гласањето ЗА, сите можеме да бидеме победници. Како што со гласањето Против, сите ќе бидеме губитници, за жал ќе ги направиме државата и граѓаните губитници. Тие тоа не го заслужуваат, тоа не го сакаат. Ова не е, и не смее да биде гласање за избори. Избори ќе има следната година, и граѓаните, а не Вие 120 почитувани пратеници, ќе одлучат за резултатите. Така како што е редот во демократска држава“ рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за уставните измени.

Тој апелираше на разум, совест, чесност и водење од општите, а не од личните интереси и порача дека што и да направат пратениците ќе ја сносат одговорноста од таа одлука.

„Првата одлука, Ве прави заслужни за прогресот, а втората одговорни за штета на државата и граѓаните. Затоа денеска е денот кога ќе стане јасно кој навистина сака да ја види државата во ЕУ, а кој ја блокира европската иднина на граѓаните, на денешните и идните генерации. Кој ќе се заложи државата да оди напред, а кој преку изговори ќе бега од одговорност пред граѓаните“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека денес е денот кога ќе се види дали ќе бегаат оние што бегаа и блокираа и досега или пак ќе се одважат и ќе дадат глас за европската иднина на државата и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.