Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина и државата да бидат блокирани од ВМРО-ДПМНЕ

„Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на интеграциите и остварување на европската цел до 2030 година. Тоа е нашата иднина. Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина и државата да бидат блокирани од ВМРО-ДПМНЕ“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека ќе продолжат да работат на врвните национални и државни интереси за да се обезбеди мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата.

„Дискусијата ќе се води како и до сега, на сите нивоа, со оглед дека се работи за важно прашање за иднината на државата. Нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат во ЕУ во Северна Македонија, земја-членка, а не да живеат со туѓу пасоши во туѓи држави“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не излегоа со аргументи против уставните измени е причина за надеж на Владата дека уставните измени ќе бидат усвоени консензуално од сите пратеници во Собранието.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК