Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Денес стана кристално јасно кој е за просперитетна држава, а кој сака да ја блокира европската иднина

„Денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја членка на ЕУ, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека се потврди дека Владата и сите политички партии и чинители од проевропскиот фронт ѝ мислат добро на државата, граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ, како што беа и за НАТО.

„Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација и тоа проеврпски ориентираните граѓани нема да го заборават и простат. Ова блокирање кое тие долго го заговараат нема причина да се случи“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде едка ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи, дека нема идеја за дискусија и поради тоа не води дебата.

„Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина само за лични цели, а против подобар и попросперитетн живот за граѓаните и остварување на стратешката цел – членство во ЕУ“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК