Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен дилер од Крушопек, по распишана централна потерница, за издржување шестгодишна казна затвор

Денеска (17.08.2023) во 12.30 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров го лишиле од слобода О.Е.(26) од село Крушопек, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК