Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес на две локации во Скопје, пронајдени оружје, муниција и дрога, приведени двајца криминалци

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (17.08.2023), по издадени наредби за претрес од страна на Судија на претходна постапка, изврши претреси на две локации во Скопје, при што се приведени А.И.(26) и С.С.(32) од Скопје. При претресите, во домот на А.И. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со оптички уред, рамка за автоматска пушка со 28 куршуми во неа, девет електронски уреди со магнет, три дигитални камери, два електронски уреди, две ќеси со растителна материја.

Додека во домот на С.С. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со една рамка со куршуми, еден автоматски пиштол со една рамка со куршуми, еден пригушувач, една кутија со 32 куршуми 7,62мм, нож, една ќеса со бела прашкаста материја.
Во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК