Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Министерот за правда Кренар Лога на своја иницијатива се сретна со шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази

На средбата меѓудругото , се разговараше за постапката која е во тек во ова обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејствија со цел испитување на сите околности, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Во однос на другите прашања, се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027 како и реформите кои ќе бидат опфатени со неа.

Јавниот обвинител Абази го информираше министерот за правда Лога дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект во кој наскоро ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабараторија која значително ќе го олесни вештачењето на доказите.
Координативни средби ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК