Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден маж во сообраќајка на патот Пробиштип-село Стрмош

Вчера попладне во 17.23 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на патот Пробиштип-село Стрмош, на место викано „Киселички мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот И.Т. од село Стрмош и мопед „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 62-годишниот М.З. од Пробиштип, извести МВР.

– Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +