Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Николова: Само Мицкоски цела недела молчи за настаните во Тетово

Сите институции имаат обврска да постапуваат согласно уставот и законите, политички квалификации за поднесените пријави од МВР се несоодветни, но целата јавност имаше прилика да види изминатиов период дека единствени коишто молчат за настаните во Тетово се Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, рече пратеничката на СДСМ, Фаница Николоска денеска во одговор на новинарско прашање.

-Тој не кажа ниту еден збор за тоа што не беше интонирана државната химна, зошто не беше истакнато државното знаме и со тоа се стави во целосна одбрана на неговиот коалиционен партнер. Бидејќи тие немаат што да понудат на граѓаните и решавање на реални проблеми на граѓаните затоа се насочени кон создавање на поделби и на тензии. На сите треба да им биде јасно дека времето на национализам заврши, дека тензии и поделби какви што правеа 11 години ДПМНЕ, народот повеќе нема да дозволи, рече Николоска.

линк до видео:https://youtu.be/EK1XoYFUPa8

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК