Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Пензиите за неполни две години пораснале 24 отсто – Следува ново покачување за над 300.000 пензионери

Последните податоци покажуваат дека замрзнатите пензии и смешните покачувања од неколку проценти за време на владеењето на режимот на Никола Груевски се минато.

Од јануари минатата година до септември 2023 година кога се очекува новото зголемување, пензиите пораснале за 24 проценти.

Новата методологијата за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот обезбедува системско решение за раст на пензиите два пати годишно, кое не зависи од ничија политичка волја.

По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто.

Од 2017 година досега минималната пензија е зголемена за 46 отсто.

Растот на пензиите ќе продолжи систематски и тоа два пати годишно.

Можеби ќе ве интересира

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +

Филипче: Минимална плата од 600 евра е реална потреба

C +

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

ДЕСК