Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Големиот пожар кој се движеше кај Кошино ставен под контрола

Кракот на пожарот кој се движеше кон с. Кошино (Општина Долнени) со исклучително прецизно и координирано дејство на Ер Тракторите на ДЗС е ставен под контрола.

Горат уште два крака со нискостеблеста деградирана шума. На терен сеуште се активни пожарникарите од ТППЕ Прилеп. Рано наутро со првите мугри ќе се продолжи со гаснење на пожарот за кој очекуваме да стивне во текот на ноќта.

Два полициски хеликоптери во 5.00 ќе бидат подготвени да полетаат доколку процениме дека има потреба од нивен ангажман.
Во прилог видео од дејството на Ер Тракторите.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК