Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ЦУК: ПОТРАГА ПО ДАВЕНИК ВО ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК