26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
+БИЗНИС

СДСМ за шест години ја зголеми просечната пензија за 40 отсто

Пратеничката од редовите на владејачката СДСМ, Љатифе Шиковска, на денешната прес конференција рече дека СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите.

Според СДСМ, од 2011 година па до денес просечната пензија е зголемена за 80 отсто.

– Во 2016 година последната година на режимот просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а денес во 2023 година таа изнесува 19.106 денари, што е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ. За постојан и навремен раст на пензиите, СДСМ заедно со пензионерите донесе нова методологија со која пензиите се зголемуваат на секои шест месеци. Откако е донесена оваа методологија пензиите за само 18 месеци од јануари 2022 до септември оваа 2023 година, ќе се зголемат за 26 отсто односно за повеќе од една четвртина, рече Шиковска.

Таа истакна дека во време на најголема светска економска криза, во два наврати Владата предводена од СДСМ им помогна на пензионерите.

– Прво сите пензионери во најкризните месеци, март, април и мај 2022 година добија по 1.000 денари додадок на пензија, а потоа во времетрање од четири месеци има беше помогнато на пензионерите со најниски пензии со дополнителна финансиска помош од 750, односно 1.500 денари, рече Шиковска и додаде дека СДСМ изгради системско решение за фер и праведно зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери.

Според Шиковска, со овие преземени мерки, зголемувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци.