23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Време е за глас за ЕУ, за повеќе можности за младите

СДСМ во изминатите години низ одговорен, инклузивен процес реализиараше низа мерки што значат подобар живот за младите. Успеавме да ја намалиме драстрично младинската невработеност, преку Гаранцијата за млади, преку Оперативниот план за вработување, но и преку доделување грантови за млади претприемачи и млади земјоделци, велат од СДСМ.

Од владејачката партија преку соопштение велат дека инвестирале и во студентскиот стандард, ги зголемиле студентските стипендии и вовеле за првпат субвенциониран студентски оброк за околу 40.000 студенти.

– Нашите млади заслужуваат еднкави можности и шанси како нивните врсници во ЕУ, а тоа е можно само со остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Затоа, време е за одлука, сите пратеници имаат обврска пред идните генерации да ја обезбедат европската перспектива со усвојување на уставните измени, велат од владејаќката партија.

Од СДСМ порачуваат дека со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги. „Младите, но и сите останати граѓани заслужуваат сигурна и стабилна иднина во ЕУ, затоа време е за глас ЗА Европа во македонското собрание“, додаваат оттаму.