Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Од 2017 до 2022 година ️841 решение е доделено за мерката млад земјоделец во износ од 10.000 евра, за поддршка и развој на младите.
✅️ Во текот на месец август следува нов јавен повик за поддршка од 10.000 евра на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.
✅Доделивме стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството.
✅Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на #МЗШВ и Управите во состав.
✅Потпишавме Меморандум со Факултетите со што овозможуваме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите. Во моментов имаме 24 практиканти со месечен надомееток од 70% од минимална плата.
Моја лична заложба е за што повеќе млади во земјоделството, да се реализираат и да работат дома, во својата татковина.
Вие младите сте сегашноста, инвестираме и вложуваме во вашата иднина.
Нека е честит Меѓународниот ден на младите!