Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа во Охрид: автомобил превртен на кров, патник однесен во болница

Сообраќајна несреќа попладнево се случи на патот Свети Стефан кон центарот на Охрид. Во сообраќајката учествувале две возила, „опел астра“ и уште еден автомобил со кавадаречки регистарски таблички.

Од силината на ударот, „астрата“ се превртила на кров, а се вклучиле и воздушните перничиња.

Во сообраќајката има еден повреден, кој е пренесен во болница. Се уште не се знае карактерот на повредите.

Увид прави полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +

СДСМ: ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името, зошто чекаат?

C +