Centar.mk
ЛОКАЛНО

Лисичани продолжуваат со борбата, Аеродром не се откажува од зградите

Граѓаните на населба Лисиче продолжуваат со активности за да се спротивстават на Деталниот урбанистички план за ова населено место.

И во третата верзија на планот, општина Аеродром не се откажува од намерата во населба Лисиче да се градат згради.

Со последната измена на ДУП –от предвиден е уште еден парк, покрај првиот кој веќе беше предвиден, како и дополнително намалување на бројот на станбени објекти.

Со ова, како што велат од општина Аеродром, граѓаните кои живеат во овој дел на општината ќе имаат два нови парка, а за 90% намален број на станбени објекти во споредба со првата верзија на деталниот урбанистички план.

Но тоа не ги смирува жителите на ова населено место, чие ултимативно барање е воопшто да не се изгради ниту една зграда и како што најавија продолжуваат да се борат со сите правни средства.

„Ве повикуваме како и секогаш во што поголем број да поднесеме анкетни листови и кажеме НЕ на градежниот ХАОС кој ни се спрема! Предлог ДУП-от ќе биде изложен во ОУ Димитар Македонски каде што и ќе се поднесуваат анкетните листови. Да кажеме СТОП на градежниот хаос кој заедно сите може да го спречиме“ стои во објавата на Фејсбук страницата Да го зачуваме Лисиче.

Во коментарите на социјалните мрежи граѓани негодуваат што и оваа јавна анкета се одржува во период на летни одмори, но најавуваат дека нема да се откажат од борбата да спречат бетонизација на нивното место на живеење.

извор 24инфо

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК