Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен 22-годишник од Египет, шверцувал мигранти

Вчера во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода 22-годишниот И.Х. од Египет, извести МВР.

Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК