Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетник извршил тешка кражба на дрзок начин во Битола, татко му приведен

На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син.

Имено, околу 09.20 часот на ул.„Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото.

Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК