Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец во Велес, кај него се пронајдени одземените предмети и дрога

На 04.08.2023 во 11.30 часот на ул.„Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(42) од Велес. Тој се сомничи дека во периодот од 01. до 03.08.2023 со употреба на сила и подесен алат влегол во продажен објект на улица „8 Септември“ во Велес и одзел пари и други предмети.

При преглед кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот. Исто така, кај него биле пронајдени и повеќе пакувања марихуана и кафеава прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +