Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР со вонредно соопштение по поплавите во Словенија

Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.

Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.

Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса ljubljana@mfa.gov.mk

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ФАЗА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ – Прегледани 24 пациенти, извршени 16 операции

ДЕСК

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

ДЕСК

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

ДЕСК