Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ИЗДАДЕНО МЕТЕО-ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме надоаѓа над Македонија – Објавена детална прогноза за следните 4 дена

Денес и утре ќе се задржи многу топло време, утре со засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт утре во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Прогноза за 06.08.2023
Минимална температура: 13°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец. UV=8

Прогноза за 07.08.2023
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 33°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. UV=8

Прогноза за 08.08.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 24°C до 31°C

Сончево со умерена облачност и ветровито со засилен ветер од северен правец. UV=8

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК