Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ треба да даде одговори околу концесиите за рудникот Иловица

Соопштение на СДСМ:

СДСМ како од првиот ден, така и сега е против рудниците и останува заедно со граѓаните да се бори против нивно отворање.

Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за укинување на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица.

Одговорите околу концесиите за рудникот Иловица треба да ги даде ДПМНЕ.

Никола Груевски, Зоран Ставревски, Миле Јанакиески, Паско Кузман се само дел од функциониерите на ДПМНЕ кои учествуваат во процесот на давање концесии за рудникот во Иловица, од кои втората целосно за заобиколува првата концесија.

Тие немале никаква забелешка на доделување и на првата и на втората концесија и од аспект на транспорт и врски и од аспект на животна средина и од аспект на земјоделие и од аспект на води.

ДПМНЕ со својата неодговорност, неспособност и алчност, ја втурна државата во судски лавиринти во кои се уште е заглавена.

Затоа ДПМНЕ и Мицкоски денес се последните што имаат право да зборуваат за отворање рудници.

СДСМ како одговорна партија останува на страната на граѓаните и нивните интереси.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +