23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

НОВО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИ ВО СЕПТЕМВРИ: За една календарска година пензиите со сериозен раст

Во оваа 2023 година освен мартовско усогласување на пензиите од 8.4 проценти, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата кое ќе биде околу 6 отсто.

Што значи за една календарска година, растот на пензиите ќе биде историско.

Според пресметките од првиот ден на новиот состав на Владата, јануари минатата година со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% што никогаш досега во историјата на државата се нема случено.

Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6%.

„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022 – 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023 – 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша Тренчевска.