Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Градиме заеднички спомени со децата од дневните центри

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска утринава со децата од Центарот за бездомни лица од Чичино Село и Дневните центри за деца на улица од Кисела Вода и Шуто Оризари го посетија Археолошкиот музеј во Скопје. Децата заедно со двете министерки неколку часа поминаа во катчето за деца каде читаа сликовници поврзани со археологијата.

Тренчевска истакна дека од особена важност е децата уште од најрана возраст да се запознаваат со делови на културното живеење и да посетуваат места врз кои се темели културата во нашето општество, посочувајќи дека при посетите како млади лица ќе имаат можност да учат нови работи.
Според неа детското катче во археолошкиот музеј ги има сите можности за на децата да им се доближи археологијата како наука, таа рече дека од особена важност е да се знае како се развивало општеството и кои биле предизвиците на цивилизациите во минатото Тренчевска посочи дека со илустириран материјал им се олеснува на децата да ги разберат непознатите поими со кои се сретнаа за време на посета на музејот.

Министерката Тренчевска заедно со министерката Костадиновска-Стојчевска подарија на секое дете по една сликовница поврзана за археологијата која ќе биде дел од нивното лично катче во дневните центри.

Средбата заврши со искрени желби за уште средби кои ќе им откриваат на децата нови работи, придружувани од министерките.

Можеби ќе ве интересира

Се роди првото бебе – женско е!

ДЕСК

Студен удар во петок: Температури под нулата и снег во делови од земјата – детална прогноза за првите 4 дена од годината

ДЕСК

Одобрен Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица

ДЕСК