Centar.mk
БИЗНИС

Проблемот со картичките и натаму останува – НБРМ со вонредно известување

Соопштение за јавноста на НБРМ

Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките.

Народната банка континуирано ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите.

Напоменуваме дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +