Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

МОН: Целосно исправна одлуката за одземање на ингеренциите на тетовскиот градоначалник за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Денеска уште еднаш се потврди исправноста на одлуката за одземање на надлежноста на градоначалникот на општина Тетово за средното општинско училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова училиште од денеска е без струја, токму поради негрижата на првиот човек на локалната самоуправа.

За среќа, ситуацијата настанува за време на летниот распуст и нема да предизвика последици по воспитно – образовниот процес на учениците. Сепак, ова не ја исклучува одговорноста на градоначалникот и се потврдува дека образованието не е негова приоритетна област на делување, а со тоа ниту интересите на младите не се во неговиот фокус.

Потсетуваме, државниот просветен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во посоченото училиште, при што констатира со Записник дека заради нераспределување на средствата од блок дотацијата од страна на Општина Тетово, а наменети за ова училиште отежнато е функционирањето на училиштето. Училиштето има испратено предлог финансиски план за 2023 година до општина Тетово, но истиот до денот на надзорот не беше усвоен од Советот на Општина Тетово. Резултат на ова, училиштето во неможност да ги плаќа фактурите доставени од операторите и компаниите со кои училиштето има потпишано договор, се прави долг од 6,6 милиони денари.

Врз основа на овие факти, а согласно член 108-б од Законот за средно образование, министерот ја одзема надлежноста на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами за работењето на гимназијата во траење од 12 месеци.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +