16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Програма Гаранција ОКТА – Сигурни за секој литар

ОКТА АД – Скопје, како лидер на пазарот со нафтени деривати, веќе осма година по ред, активно ја спроведува програмата за проверка на квалитетот и количината на горива – ГАРАНЦИЈА ОКТА, со цел заштита на своите потрошувачи од нелојална конкуренција. Програмата претставува сеопфатен процес со кој се следни и гарантира квалитетот на горивата во сите фази од ланецот на снабдување, а се спроведуваат и дополнителни проверки надвор од законски утврдените. Со својата долгогодишна експертиза, технолошки напредна инфраструктура и строго утврдени процедури и прописи, компанијата посветено работи на унапредување на програмата, која е веќе препознатлива на повеќето пазари каде е активна Хеленик Енерџи Групацијата, чиј член е и ОКТА.

Холистичкиот пристап на Програма Гаранција предвидува проверка на горивото во пет чекори и од три независни контроли, опфаќајќи го целиот пат кој горивото го поминува пред да стигне до крајниот потрошувач. Првата контрола се спроведува онаму каде што започнува процесот – во рафинеријата во Грција, каде се прави проверка на квалитетот во акредитирана лабораторија. Откако горивото ќе се утовари во цистерни, независна контролна куќа поставува пломби, со цел да се обезбеди неговиот превоз до резервоарските капацитети на ОКТА. Вториот контролен чекор, предвидува следење на цистерните преку GPS во текот на целокупниот транспортен процес. При пристигнувањето и складирањето на горивото во резервоарите на ОКТА, се врши третата по ред проверка на квалитетот, додека цистерните дополнително се проверуваат и од страна на надворешна независна контролна куќа. Квалитативната контрола се прави во акредитирана лабораторија каде примероците се доставуваат шифрирани се цел да се обезбеди целосна независност во постапката. Следната, четврта проверка се врши при испораката на горивото до бензинските станици на ОКТА. Секоја цистерна е проверена од страна на независна контролна куќа, пред и по товарењето, по што истите се пломбираат и добиваат соодветен сертификат. Последната, односно петтата проверка се одвива на самите бензински станици, кога специјално обучен тим во соработка со Машинскиот Факултет, врши ненајавени и редовни контроли на квалитетот и количината на горивото што се продава во малопродажната мрежа со брендот ОКТА. Секоја бензинска станица што успешно го поминала тестирањето добива соодветен сертификат, додека автоматите за полнење гориво се обележуваат со жолтата контролна лента на која пишува „ПРОВЕРЕНО“.

Како дел од програмата, до јуни годинава, направени се повеќе од 6.700 проверки на горивата директно од автоматите за полнење на сите бензински станици ОКТА. Имајќи ги предвид придобивките кои програмата ги нуди за потрошувачите, од компанијата велат дека Гаранција ОКТА останува врвен приоритет, затоа што секоја капка гориво е важна.