21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: Со настаните за годишнината од земјотресот ја одбележуваме солидарноста

„Токму моќта на Скопје после тој разорен земјотрес во 1963 година да се возобнови, да покаже дека со моќта на солидарноста, со моќта на меѓусебната помош може повторно да се изгради градот, беше поттик за ние да започнеме со една програма, на низа настани со кои ќе го одбележиме токму тоа, солидарноста, моќта на човекот кога ќе се спои заедно, кога ќе започне да работи заедно за подобра цел и за повисока цел, да го добиеме ова мономентално дело, односно изгледот кој што го има Скопје“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на Сител.

Таа додаде дека фокус на сите настани поврзани со годишнината на земјотресот поддржани од Министерството за култура беше да се стават сите генерации заедно.

„Решивме да направиме низа на настани кои што ќе бидат соодветни за сите генерации, за оние кои се уште се сеќаваат на тој земјотрес, за оние чии родители раскажуваат за тој земјотрес, но и за помладите генерации кои треба да гледаат една многу убава слика за тоа што значи кога заедно сите ќе работиме, во име на солидарноста“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката кажа дека еден од поцентралните настани се одржува во Музејот на современа уметност, кој што е симбол на солидарноста и подарок од Полска во тоа време кога Скопје повторно се градело.

Спонзорирано: