Centar.mk
КУЛТУРАвест

Костадиновска-Стојчевска: Младите да ги воведеме во приказната за солидарноста која го изгради Скопје

„Целта на настаот што ќе се случува во Музејот на Град Скопје, ‘Зборувај за Скопје’ е да се спојат генерациите, за и младите генерации да добијат едно чувство за тоа како се градел градот повторно“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на Сител.

Таа додаде дека со повеќе мултимедијални проекции, со учество на разни музички ѕвезди, уметници ќе се направи токму тој спој на генерациите.

„Многу е важно младите генерации да ги воведеме во таа приказна на солидарност пред се, на помагање на едни на други“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката исто така ја потенцираше и изложбата во Музејот на современа уметност каде што е претставена историјата, приказната за тоа што се случувало во моментот кога се случил земјотресот, како било Скопје пред тоа, какво било Скопје разурнато, па како Скопје потоа полека се градело.

Можеби ќе ве интересира

Дац и Александар – Дамите Бираат

ДЕСК

Скопје ја задржа титулата за Европскa престолнина на културата – следи трансформација од 55 милиони евра

ДЕСК

Почина Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана (1984-2025)

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.