16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

„Господине“ Мицкоски, што правите вие тука?

ДРАГАН МИШЕВ

Колку актуелно звучи и ден денес прашањето упатено до тогашниот, сегашниот, и најверојатно идниот опозициоски лидер, на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во спотот за изборната кампања во 2021 година: „Господине“ Мицкоски, што правите вие тука?

Навистина, што правите вие тука „господине“ Мицкоски… во Македонија, и во политиката воопшто? Или поточно, чии агенди спроведувате?

А според вашата последна изјава: „Европејците нека ја тераат европската агенда, а ние нашата македонска“, би ве запрашал и дали имате лекарско уверениe за деловна пресметливост?

Која е „вашата“, а која е нашата македонска агенда?

Нашата македонска агенда е европската, евроатланската, за која се определија најголем дел од граѓаните од сите националности во државата, а чинам дека и вие и вашата партија, барем декларативно ја поддржавте.

Всушност вие (не, не ви персирам, мислам вие со вашите полтрони) сте една патетична група на опортунисти, кочничари на се што е прогресивно за Македонија, и заедно со сталинистичките леводесничари, собрани во една михајловистичко-рашистичко оска на злото, и нанесувате огромна штета на Македонија, најзиниот европски пат, патот на развојот, на иднината на сите граѓани.

Каков хипокрит!

Вашата агенда е анти-македодонска, агенда на изолација, и повеќе и приличи да се категоризира како белоруска агенда, зошто само во такво опкружување може да живеат вашите назадни идеи и политики. Политики на репресии, говор на омраза, монтирани процеси, влечење на луѓенца за уши, фрлање во ендек на неистомисленици, шамарање новинари… и сето тоа под превезот на патриотизмот, а всушност (не)скриен национализам. Како и еден поранешен каплар кој сакаше да стане канцелар, а откако му успеа тоа, (со помош на сталинистичките структури во неговата земја) го запали светот, а најмногу несраќа му донесе на сопствениот народ.

А тоа што се правите недоветен дека не можете да сфатите како тоа сегашните пратеници од власта дигнале два прста за рудникот „Иловица“, а истиот доби концесии од вмровски министер, со вмровски премиер, кога неговата партија, во која тој играше активна улога беше на власт, и тоа што обвинува за корупција откако на црната листа на САД се најде главниот финансиер на ДПМНЕ откако ја преземавте истата, за што, како што слушнавме, му упативте голема благодарност, како негов вечен должник, само ја засилува потребата од лекарско уверение за докажување на вашата деловна пресметливост.

извор Civilmedia.mk