Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Да бидеме разумни, совесни, чесни и да се водиме од интересите на граѓаните

„Во ова Собрание, вклучително и во оваа просторија се дебатирале и се утврдиле и порано многу важни уставни измени. Најважно е да се биде разумен, совесен, чесен и да се водиме од интересите на граѓаните, минати, сегашни и идни генерации“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање пред Комисијата за уставни прашања во Собранието.

Тој повика на дебата со аргументи, со силата на визијата, со потребата за чесноста и желбата за успех на сите граѓани.

„Ако така започнеме, ќе успееме да се слушнеме и да постапиме и одлучиме заеднички. Изминатата година, од опозиционите политички партии се изнаслушавме за катастрофи, апокалипси, пропасти. И ништо од тоа не се случи. Немаше асимилација, немаше бугаризација, ништо“ рече Ковачевски.

Премиерот повика да не се мисли само на лични кариери и позиции, да не се плаши народот со измислени сценарија, да не се сонуваат некои минати времиња, туку заради државата разумно, одговорно и совесно да се делува.

„Тоа може да се направи, ако се сака. Одлуката е Ваша и само Ваша. Јас, СДСМ, Владата сме на страната на обединувањето, прогресот, на вистинскиот браник на македонскиот вековен индентитет и засебност“ рече Ковачевски пред пратениците.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +