25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Спасовски на ТВ Алсат: Резултатите на анкетата на ИРИ се признание за мојата и работата на мојот тим

Во интервјуто ТВ Алсат, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето околу резултатите од последната анкета на ИРИ според кои за граѓаните Спасовски е најуспешниот министер во Владата, истакна дека тоа е огромно признание, меѓутоа признание кое создава дополнителна обврска.

„Не можам да кажам дека тоа не е признание за мојата работа и на мојот тим. Тоа е огромно признание, меѓутоа признание кое што ни создава дополнителна обврска. Не треба тие резултати ниту мене ниту мојот тим да нѐ забават во работењето, во ентузијазмот, во посветеноста, туку напротив, уште повеќе да бидеме мотивирани“, рече Спасовски, додавајќи дека најновиот проект „Отворен кабинет“ доволно говори за посветеноста на целиот тим.

„Разговараме директно со граѓаните и во тој правец ќе продолжиме и понатаму, поради тоа што таа доверба кај граѓаните мора да се оправда. Бидејќи ако некој има доверба во функционирањето на институцијата, тоа мора да поттикне уште поголема одговорност кон граѓаните за да работиме заеднички и, нормално, за да имаме успеси мора да имаме и задоволство на страната на полицијата, на полициските службеници и нивна мотивираност. Бидејќи без тоа нема да бидеме секако успешни“, заклучи министерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Апсења низ Македонија во голема акција, паднаа и притвори – еве ги деталите

ДЕСК

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК