21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Невремето направи многу проблеми низ Македонија, ова се првите информации

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека како последица од силниот ветер и невремето кое го зафати подрачјето на општина Пробиштип, на патниот правец с.Ратавица-м.в.Киселица и с.Ратавица – с.Легово имало паднати дрвја. Од страна на ПС Пробиштип и ТППЕ Пробиштип е интервенирано и дрвјата се отстранети од споменатите патни правци.
На подрачјето на општина Карбинци, на патниот правец Штип – Кочани, пред бензинската станица кај с.Крупиште имало паднато дрво како последица на силен ветер. Од страна на ПС Штип и ТППЕ Штип е извршено отстранување на истото. Исто така како последица од силниот ветер имало и падната топола во с.Радање, а селото привремено останало без напојување со електрична енергија.
ТППЕ Кочани имала техничка интервенција на паднато дрво во близина на селото Тркање. Интервенирано е со 2 пожарникари и 1 ПП возило.

РЦУК – Скопје, известува дека по невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје во попладневните часови, од страна на Е – 112 добиени се повеќе известувања од кои повеќето се однесуваа на паднати дрва на различни локации во градот кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, како и за паднати бандери со струјни и телефонски кабли. Сите известувања од страна на РЦУК Скопје препратени се до дежурните екипи во ЈП Паркови и Зеленило, диспечерскиот центар на ЕВН Македонија, А1, Телекабел и Телеком, за нивна понатамошна интервенција.

РЦУК – Струмица, известува дека од невремето проследено со силен ветер има паднато дрва на регионалниот пат Ново Село – Самоилово, на магистралниот пат Струмица – Ново Село, и на магистралниот пат Струмица – Валандово. Известени се ЈП Македонија пат да ги отстранат паднатите дрва. Имаат регистрирано падната бандера на ул.Бошко Буха бр.90 во Струмица и во село Попчево. Известени ЕВН И ЕЛС.

РЦУК – Куманово, известува дека попладнево територијата на општина Кратово била заатено со невреме со врнежи од град, поточно во селата Кетеново, Куклица, Туралево и Трновац.