Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Усвоен е амандманот на СДСМ во Град Скопје – повисоки плати за вработените во градската администрација

На предлог на советничката група на СДСМ, денеска Советот донесе одлука за пренамена на средства од Буџетот за повисоки плати за вработените во Град Скопје.

Согласно одлуката, од ставката Привремени вработувања се одземаат 12 милиони денари и истите се префрлуваат на ставката Основни плати.

Со ова, се обезбедуваат повисоки плати за 5.000 денари до крајот на годината, за 470 лица вработени во градската администрација без јавните претпријатија и противпожарната служба.

СДСМ, преку својата советничка група и нејзините надлежности ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и Градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК