12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Со методологијата за плати од колективниот договор ставивме крај на политичките уцени, нема да е важно кој ќе биде министер

Задоволен сум што 130 илјади мои сограѓани ќе добијат повисоки плати, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Сител телевизија, прашан за Општиот колективен договор.

-Тие добиваат и системско решение за нивните плати. Нема да биде битно кој ќе биде министер, воспоставивме методологија. Воспоставивме конструктивен дијалог со синдикатот и ставивме крај на политички уцени и влијанија на оние што треба да служат на граѓаните, истакна Битиќи.

Тој додаде дека во колективниот договор има методологија на плати, а платите ќе се индексираат со растот на просечната плата заедно со сложеноста на работата.

Во однос на реакциите од вработените во секторот образование, тој рече дека само за вработените во овој сектор заклучно со септември има пораст на платите за 54% во изминатите пет години.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +