23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Парите од 150-те компании кои профитираа во кризата ќе се вратат кон граѓаните, тоа е солидарност

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи властите го слушаат мислењето на стопанството, но во случајот за обвинувањата за данокот на солидарност тој смета дека нецелосно се прикажува сликата во јавноста.

-Данокот за солидарност таргетира 150 компании во државата. Тие што предале завршни сметки се над 43 илјади компании во државата. Овие 150 компании имат услови при аплицирањето на данокот. Овие компании во криза, успеале да направат профит поголем од 20%. Таа разлика ќе оданочува со дополнителна стапка на данок. Тоа е солидарност, кажа Битиќи во гостувањето на Сител.

Вицепремиерот додаде дека данокот доцни, бидеќи решението било блокирано повеќе од шест месеци во Собранието.

-Се блокира се што е добро за граѓаните. Отприлика тоа се 50 милиони евра, но се уште се прават проценки. Тие пари ќе завршат за антикризните мерки, односно за потребите на граѓаните, рече Битиќи.

Во однос на намената на собраните средства тој како пример посочи дека парите може да се искористат за субвенцијата на електричната енергија, која ја користат сите граѓани.

-За време на кризите одредени компании премногу профитираа и овој данок нема да ја загрози предвидливоста, заклучи Битиќи.