Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-Народна партија: Ја поздравуваме одлуката на Владата за усвојување на Предлогот за измени на Уставот

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот.

– Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон Европското семејство. Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија, велат од ВМРО-Народна партија.

Партијата упатува апел до сите општествено – политички чинители да во најбрз можен рок се заврши оваа етапа и што побрзо Северна Македонија го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК